• петок, 06 февруари 2026

Приведен кавадарчанец, управувал возило со 3,05 промили алкохол во крвта

Приведен кавадарчанец, управувал возило со 3,05 промили алкохол во крвта

Скопје, 23 мај 2025 (МИА) - Во Кавадарци утрово во 04.00 часот на улица „Дисанска“ полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(35) од село Глишиќ, кавадаречко.

При сообраќајна контрола, соопшти денеска МВР, сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта.

- А.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан