• вторник, 24 декември 2024

Приведено 29-годишно лице, пронајдена муниција во неговиот дом

Приведено 29-годишно лице, пронајдена муниција во неговиот дом

Скопје, 16 август 2023 (МИА) - Приведено е 29-годишно лице по претрес во кичевското село Лисичани, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 18.20 часот во селото Лисичани го лишиле од слобода лицето И.Б. од ова село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 239 куршуми различен калибар и пет празни рамки за автоматска пушка, појаснуваат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик. бд/са/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан