Приведени тројца возачи на подрачје на Тетово и Кавадарци затоа што управувале возила под дејство на алкохол
- На патот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Тетово, синоќа околу 22 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.Б.(65) од село Лисец тетовско, кој управувал товарно возило „Фиат Добло“ со тетовски регистерски таблици под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.06% промили

Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - На патот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Тетово, синоќа околу 22 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.Б.(65) од село Лисец тетовско, кој управувал товарно возило „Фиат Добло“ со тетовски регистерски таблици под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.06% промили алкохол во крвта.
Исто така, на околу 04.10 часот изутринава на улица „Илинденска“ во Тетово, од слобода бил лишен и Ф.И.(34) од Тетово, кој управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски таблички под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.67% промили алкохол во крвта.
Полицијата ноќеска половина час по полноќ на експресен пат Градско-Прилеп, го лишила од слобода Д.С.(47) од Прилеп. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.88 промили алкохол во крвта и го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. Д.С. е задржан во полициска станица и известен е јавен обвинител.
Од МВР денеска информираат дека по документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. сст/са/
Фото МИА архива