Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
- Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР - Велес.
Кавадарци, 18 јануари 2026 (МИА) - Лишени од слобода биле две лица од кавадаречко Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи.
Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни - работи Велес, вчера попладне во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци лишиле од слобода две лица од кавадаречкото село Марена.
При извршување службени задачи во селото Марена, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“, што го управувало едното лице, а другото било сопатник. Притоа, пронајдени и одземени биле огревни дрва без соодветна документација и без жиг.
- Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР - Велес. свд/aa/
Фото: МИА