• сабота, 06 јули 2024

Литванија го забрани влезот на рускиот патријарх Кирил

Литванија го забрани влезот на рускиот патријарх Кирил

Вилнус, 27 јули 2022 (МИА) - Литванија му забрани на патријархот Московски и на цела Русија Кирил да влезе во земјата поради, како што тврди, „поддршка за руската специјална воена операција во Украина“, пишува денеска литванскиот портал Делфи, повикувајќи се на литванското Министерство за надворешни работи.

„Патријархот на Москва и на цела Русија Кирил доби забрана за влез во Литванија поради неговата поддршка за руската специјална воена операција“, се вели во соопштението на Министерството. паг/

Остани поврзан