• недела, 17 ноември 2024

Липавски: Светските лидери да вложат максимални напори да ја олеснат ситуацијата во Украина

Липавски: Светските лидери да вложат максимални напори да ја олеснат ситуацијата во Украина
Прага, 11 април 2022 (МИА) - Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски денеска изјави дека светските лидери „мора да вложат максимални напори барем малку да ја олеснат ситуацијата“ во Украина.
Говорејќи пред состанокот на европските министри за надворешни работи во Луксембург, Липавски рече дека на Украина сигурно ќе и се помогне со хуманитарни коридори. „Од друга страна, не бидете наивни. Путин ги изврши овие ужасни воени злосторства и масакри и треба да биде казнет за тоа“, рече Липавски.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок нагласи дека мора да се направи се за да се разјаснат сите околности на руските воени злосторства во Украина, вклучително и поддршката за Меѓународниот кривичен суд околу истрагата на тие злосторства.
„Она што е јасно е дека на Украина и е потребна дополнителна воена помош, пред се тешко оружје. Сега не е време за изговори, време е за креативност и прагматизам“, рече Бербок. паг/
   

Остани поврзан