• четврток, 04 декември 2025

Лилард се врати во Портланд

Лилард се врати во Портланд

Портланд, 18.јули 2025 (МИА) - Искусниот бек Демиен Лилард (35 години) се врати во екипата на Портланд, во која мина најголемиот дел од својата кариера. 35-годишниот Лилард минатата недела беше отпуштен од Милвоки, по неуспешната сезона и се врати во клубот каде беше драфтуван во 2012 година и настапуваше 11 сезони. 

Во летото 2023 година направи трансфер во екипата на Милвоки, за да настапува во екипа која е конкурентна за шампионскиот прстен. 

Сепак претстојот во Милвоки не беше успешен, а имаше здравствени проблеми. Пропушти дел од сезоната, а во четвртиот натпревар од првото коло на плеј офот поради скината Ахилова тетива ќе мора да пропушти следната сезона. 

Според американските медиуми Лилард со Портланд потпиша тригодишен договор со вредност од 42 милиони долари.    мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан