• вторник, 14 мај 2024

Лилард сакаше да игра против Санс, но Бакс решија да не го користат поради повреда на зглобот

Лилард сакаше да игра против Санс, но Бакс решија да не го користат поради повреда на зглобот

Феникс, 7 февруари 2024 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки бакс, Демијан Лилард го пропушти натпреварот против Феникс санс одигран ноќеска на теренот на противникот.

Лилард не се најде на теренот поради повреда на скочниот зглоб. Тој сакаше да игра, но Бакс решија да не ризикуваат и не го ставија во составот.

Повредата на левиот зглоб Лилард ја доби на неодамнешната средба со Јута џез, на која постигна 12 поени.

Милвоки загубија со резултат 114:106.

Со биланс 33 победи и 18 порази Милвоки бакс се наоѓаат на четвртата позиција во Источната конференција на НБА-лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан