• среда, 15 мај 2024

Лилард нов играч на Милвоки

Лилард нов играч на Милвоки

Милвоки, 27 септември 2023 (МИА) - Портланд, Милвоки и Феникс се согласија на голема тринасочна размена на кошаркари во која е вклучена и големата НБА ѕвезда Демијан Лилард.

 

Во претстојната сезона, Лилард, кој претходно побара трејд, ќе биде играч на Милвоки Бакс.

 

Досегашниот клуб на Лилард, Портланд како резултат на размената ги доби Дру Холидеј, ДеАндре Ајтон, Тумани Камара, како и два пика од драфтовите во 2028 и 2030 година.

 

Феникс ги доби: Јусуф Нуркиќ, Грејсон Ален, Насир Литл, Кион Џонсон.

 

Лилард беше шести пик на драфтот во 2012 година и целата своја досегашна професионална кариера ја помина во Портланд Блејзерс. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан