Ликовна изложба на Никола Смилков на островот Шолта во Хрватска
- Во Културно-информативниот центар на островот Шолта е поставена ликовната изложба под наслов „Емотивни патувања“ на македонскиот скулптор и универзитетски професор Никола Смилков.
Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - Во Културно-информативниот центар на островот Шолта е поставена ликовната изложба под наслов „Емотивни патувања“ на македонскиот скулптор и универзитетски професор Никола Смилков.
Изложбата претставува избор од дваесет скулптури изработени во мермер и бронза, кои се дел од неговиот најнов творечки циклус.
Таа ги истражува темите на лична и колективна меморија, движење и внатрешна трансформација, преку скулптури кои комбинираат класични техники со современа експресија.
Поставката ќе биде отворена за посетителите до 15 јули 2025 година, а е реализирана со поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. ар/дма/
Фото:МИА