• недела, 22 декември 2024

Лидс му го нанесе првиот пораз на Лестер во 2021, цел натпревар за Алиоски

Лидс му го нанесе првиот пораз на Лестер во 2021, цел натпревар за Алиоски
Лестер, 31 јануари 2021 (МИА) - Екипата на Лидс, за која цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, го совлада попладнево Лестер на гостински терен со 3:1, нанесувајќи им го на домаќините првиот пораз во Премиерлигата од средината на декември. Лестер, кој пред денешниот натпревар од 21 коло беше во серија од седум премиерлигашки натпревари без пораз, дојде во водство преку Барнс (13), по што следуваше целосен пресврт на Лидс со головите на Далас (15), Бамфорд и Харисон (84). Претходно денеска, Челзи го прекина постот од 40 денови без победа и славеше на домашен терен над Барнли со 2:0, што беше прв триумф за новиот тренер на лондонскиот премиерлигаш Томас Тухел. ег/сст/

Остани поврзан