• понеделник, 23 декември 2024

Лидл го купи од Скопски пазар објектот на поранешен Бриколаж

Лидл го купи од Скопски пазар објектот на поранешен Бриколаж

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Лидл Северна Македонија ДООЕЛ Скопје купи имот на Скопски пазар АД Скопје во Општина Гази Баба кај локацијата на поранешен Бриколаж за 9.564.485 евра.

За зделката информира Скопски пазар согласно Глава 6 од Правилата за котација на Берзата. 

Како предмет на големата зделка е наведена продажба на недвижен имот евидентиран на КП 1306/1 и КП 1306/2 КО Гази Баба и соодветно запишани на имотен лист 8882 КО Гази Баба и имотен лист 1077 КО Гази Баба. Вредноста на зделката е во апсолутен износ од 9.564.485 евра без вклучен ДДВ (или 588.911.166 денари без вклучен ДДВ), а релативен износ  од 19,30 проценти во однос на вредноста на имотот на друштвото, односно 25,04 проценти од вредноста на капиталот и резервите на друштвото определени врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото. 

- Цената соодветствува со пазарната вредност на таков тип на зделки, наведува Скопски пазар во објавата.

Надзорниот одбор на Скопски пазар ја донел одлуката за големата зделка на 18 април годинава. 

На локацијата што е продадена од неодамна се одвиваат подготвителни градежни активности. 

Лидл стартуваше со инвестиција во државава на 24 јануари годинава со изградба на логистичко-дистрибутивен центар во индустриската зона Речица. Најавената инвестиција за логистичкиот центар е 80 милиони евра  и треба да отвори повеќе од 150 работни места. лв/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан