Лидерот на камерунската опозиција Бакари ја отфрла „фиктивната победа“ на актуелниот преетседател Бија и најавува отпор
- Во неколку камерунски градови избија насилни протести, во кои стотици лица протестираат против, како што тврдат, наместените избори, а локалните медиуми јавија дека во нив се убиени најмалку 10 лица.
Јаунде, 29 октомври 2025 (МИА) - Лидерот на опозицијата во Камерун, Иса Чирома Бакари, ја отфрли одлуката на Уставниот совет да го прогласи претседателскиот кандидат Пол Бија за победник на изборите одржани на 12 октомври, нарекувајќи го резултатот „фиктивна победа“.
Бија (92), најстариот лидер во светот, е на власт во Камерун од 1982 година, потсетуваат британските медиуми.

Во неколку камерунски градови избија насилни протести, во кои стотици лица протестираат против, како што тврдат, наместените избори, а локалните медиуми јавија дека во нив се убиени најмалку 10 лица.
Во видео обраќање, Чирома повика на обединет отпор и вети дека борбата ќе продолжи до конечната победа.
Министерот за внатрешни работи го обвини Чирома за поттикнување бунт и насилство, додека регионалниот гувернер објави дека повеќе од 200 лица се уапсени во врска со протестите.сд/
фото:МИА архива