• вторник, 05 ноември 2024

Лидерот на ДУИ на проштална средба со грчкиот амбасадор Јанакакис

Лидерот на ДУИ на проштална средба со грчкиот амбасадор Јанакакис
Скопје, 4 декември 2020 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Грција, Димитрис Јанакакис по повод завршувањето на неговиот мандат како амбасадор во нашата земја. Ахмети му се заблагодарил на Јанакакис за добрата билатерална соработка за време на неговиот мандат и изразил благодарност за неговата ангажираност за приближување на нашите две земји. - Двајцата соговорници разговараа и за важноста на потпишувањето на Преспанскиот Договор, по што Ахмети му се заблагодари на грчкиот амбасадор за посветеноста и за неговата конструктивна улога. Ахмети ја истакна потребата и подготвеноста за строго спроведување на Договорот од Преспа, соопштуваат од ДУИ. Претседателот на ДУИ му посочил на амбасадорот на Грција, Димитрис Јанакакис дека нивната поддршка за Република Северна Македонија во интеграцискиот пат кон Европската унија е исклучително важна. На оваа средба, информираат од прес-службата на ДУИ,  двајцата соговорници разговарале и за отвореното прашање со Бугарија, при што Ахмети ја истакнал важноста од затворање на спорот во европскиот дух на добрососедство. На крајот од оваа проштална средба, Ахмети и Јанакакис се согласиле дека двете земји треба да продолжат да одржуваат добри односи во сите области, особено во областа на економијата што е во интерес на сите граѓани во двете земји. фф/сп/

Остани поврзан