• четврток, 21 ноември 2024

Лидерите на ЕУ утре ќе разговараат за украинската криза

Лидерите на ЕУ утре ќе разговараат за украинската криза

Брисел, 16 февруари 2022 (МИА) - Лидерите на ЕУ утре во Брисел ќе разговараат за распоредените руски војници на границите на Украина, изјави денеска претставник на Унијата.

„Пред самитот ЕУ-Африка ќе има едночасовен неформален состанок на членовите на Европскиот совет за состојбата меѓу Русија и Украина“, изјави Барен Лејтс, портпарол на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

По средбата нема да има официјални заклучоци.

Програмата Африка-Европа е првиот регионален план според новата европска стратегија за поврзување наречена „Глобална порта“, која ЕУ сака да се спротивстави на кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“.

Стратегијата предвидува инвестирање до 300 милијарди евра во јавни и приватни фондови во инфраструктурни проекти ширум светот до 2027 година, од кои половина ќе одат во Африка. паг/

Остани поврзан