• недела, 22 декември 2024

Лигата на шампиони утре ги добива првите четвртфиналисти

Лигата на шампиони утре ги добива првите четвртфиналисти
Скопје, 8 март 2021 (МИА) – Првите реванш осминафинални натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ) се на програмата утре, кога Јувентус го пречекува Порто со негатива од 1:2 од првиот натпревар, додека Борусија Дортмунд со предност од 3:2 е домаќин на Севиља. Пауло Дибала и Родриго Бентакур поради повреди нема да бидат во составот на Јувентус, но тренерот Андреа Пирло се надева дека Џорџо Кјелини и Матијас де Лихт навреме ќе се рехабилитираат за дуелот со португалскиот шампион. Порто, исто така, има повредени играчи во своите редови, вклучувајќи го дефанзивецот Пепе. Борусија Дортмунд во првиот натпревар ја совлада Севиља со 3:2, со двата гола на Ерлинг Халанд, но во германскиот тим се појави загриженост минатиот викенд, откако норвешкиот голгетер предвреме го напушти дерби натпреварот против Баерн Минхен поради повреда. Од друга страна, Севиља е во лоша форма и загуби три од последните четири натпревари пред дуелот со Борусија Дортмунд. ег/ссм/

Остани поврзан