• недела, 22 декември 2024

Ливерпул договори уште едно засилување

Ливерпул договори уште едно засилување
Ливерпул, 22 септември 2020 (МИА) - Ливерпул договори уште едно ново засилување. Тимот од Мерсисајд ја затворија зделката за Исмаил Сар, иако пред неколку дена го зедоа Диого Жота од Вулверхемптон. „Црвените“ беа заинтересирани за репрезентативецот на Сенегал пред тој да се приклучи на Ватфорд минатото лето за 30 милиони фунти, и оттогаш беа поврзувани со крилниот напаѓач. Со преземањето на Жота се очекуваше да згасне нивниот интерес за Сар, но Јирген Клоп се уште го посакува 22-годишниот фудбалер, според Франс Фудбал. Според изданието, Ливерпул направил чекор напред во преговорите и се договорил со Ватфорд, откако тимот ќе плати помеѓу 32 и 36 милиони фунти. На почетокот на летово, Сар јасно стави до знаење дека сака да се приклучи на Ливерпул, каде може да се обедини со „големиот брат“ Садио Мане.

Тагови

Остани поврзан