• петок, 22 ноември 2024

Ле Пен контра Макрон: Национален собир ќе го спречи Киев да ги користи ракетите со долг дострел на руска територија

Ле Пен контра Макрон: Национален собир ќе го спречи Киев да ги користи ракетите со долг дострел на руска територија

Париз, 6 јули 2024 (МИА) – Лидерката на француската екстремно десничарска партија Национален собир (РН), марин Ле Пен, денеска вети дека премиерот од нејзината партија, доколку екстремната десница победи на утрешните избори во земјата, ќе го спречи Киев да го користи оружјето со долг дострел што го доби од Франција за напади во Русија и дека ќе го спречи предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за испраќање француски војници на украинска територија.

-Ако Емануел Макрон сака да испрати војници во Украина, а премиерот е против тоа, тогаш нема испраќање војници во Украина, изјави Ле Пен за Си-ен-ен, мислејќи на ситуацијата во која премиерот би бил од нејзината партија.

Ле Пен потенцираше дека во тој случај последниот збор го има премиерот.

 Покрај блокирањето на потенцијалното распоредување војници во Украина, што Макрон го наведе како начин за зголемување на ефикасноста на воените инструктори, Ле Пен додаде дека дозволата на Киев да користи ракети со долг дострел во Русија, а беа доставени од Франција, исто така, ќе биде укината.

Макрон беше еден од првите лидери кои јавно и дозволија на Украина да напаѓа цели во Русија со западно оружје, поставувајќи го теренот за Вашингтон да го стори истото.

Тоа му овозможи на Киев да ги гаѓа руските воени бази, формации и артилерија што се користат за напади врз Украина.

Освен испраќањето војници, Ле Пен рече дека нејзината единствена „црвена линија“ околу Украина за да ја спречи Франција да стане страна во конфликтот е употребата на француски ракети со долг дострел против цели на руска територија.

Повеќето западни лидери во моментов не сметаат дека таквите испораки претставуваат учество во украинската војна.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан