Лефков за Фрчкоски: Секој треба да биде повикан на одговорност за тоа како ја вршел должноста
- Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со повикувањето на македонскиот амбасадор во Обединетите нации Љубомир Фрчкоски на консултации во МНР, потенцираше дека секој треба да биде повикан на одговорност за тоа како ја извршувал својата должност, без разлика за кој човек се работи или на која функција бил.
Скопје, 7 јули 2024 (МИА) - Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со повикувањето на македонскиот амбасадор во Обединетите нации Љубомир Фрчкоски на консултации во МНР, потенцираше дека секој треба да биде повикан на одговорност за тоа како ја извршувал својата должност, без разлика за кој човек се работи или на која функција бил.
Лефков рече дека Фрчковски е „грдото лице на владеењето на претходната власт на СДСМ и ДУИ“.
-Од тоа што можевме во јавноста да го видиме, гледаме дека како амбасадор на Македонија уживал во удопствата кои му ги обезбедил Зоран Заев со именувањето, а во исто време нема отчет како се трошеле народните пари, односно парите биле трошени на непознат начин“, истакна Лефков, рече Лефков.бт/аа/
Фото: ВМРО-ДПМНЕ