• сабота, 23 ноември 2024

Лефков до ДКСК: Да се отвори случај за Филипче и набавката на кинески вакцини по 62.5 долари

Лефков до ДКСК: Да се отвори случај за Филипче и набавката на кинески вакцини по 62.5 долари
Скопје, 15 март 2021 Изјава на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ И денеска имаме набавено 0 вакцини. Венко Филипче и Зоран Заев продолжуваат да ги разочаруваат граѓаните. Денеска во ДКСК поднесуваме комплетна документација, објавена во медиумите, а од која се гледа дека Венко Филипче овластил фантом фирма да преговара во име на Македонија со кинески „Синофарм“ за набавка на 200.000 вакцини, по цена од 62,5 долари од вакцина. Еве ги документите со потпис на Венко Филипче, со извор Централен регистар на Хонг Конг. Прашањето и денеска е дали се работи за муртинската „30 за Синофарм, 30 за Вицето“. Греота е кога доктор како тебе кој наместо да спасува животи, утре ќе треба да одговара, но никој не те присилуваше да бидеш извршител на Зоран Заев. Ова се документите од кои се гледа дека Филипче ја овластил фирмата, а ова е неговиот потпис. Ова се документите од кои се гледа дека истата на сметка во Дојче банк има гаранција од 12.5 милиони евра. А ова се и документите од Централниот регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека фирмата е формирана само три месеци по формирањето на владата на Зоран Заев. Ја повикуваме ДКСК веднаш да отвори случај и да го испита работењето на Филипче, а за таа цел сега ќе поднесеме претставка. Се работи за здравјето на луѓето, граѓаните мислат дека Владата работи и мисли на нив, а нивната влада всушност мисли само на провизии. Загрозено е здравјето на илјадници, а директно на душата Заев и Филипче носат стотици наши сограѓани, кои умреа како последица од КОВИД 19 во изминатиот период, во кој можеше да се набави вакцина, а тоа не се направи. Со секој поминат ден без вакцина, десетици и стотици луѓе одат на совеста на Заев и Филипче. Одговорност мора да има! Новинарско прашање: Министерот Филипче ве обвини за клевета и најави дека ќе ве тужи како го коментирате ова? Одговор: Министерот Филипче наместо да работи на тужбата денеска најдобро е да се посфети и да работи на неговата одбрана, затоа што ќе дојде време кога за ова ќе се одговара. Новинарско прашање: Од каде ги имате документите, дали од ваши извори дека станува збор за една доза од 60 - тина долари ? Одговор: Ако ја помножите сумата која што е уплатена стои потписот на Венко Филипче износот е 12,5 милиони долари а во јавноста беше објавено дека нарачката изнесува 200.000 дози лесно е да се дојде до износот на една вакцина која што нашата влада односно Венко Филипче има намера да ја плати. Новинарско прашање: Колку е во моментот цената на вакцините која што ја знаете ? Одговор: Износот за вакцина според наши информации ако ги погледнете објавите на пример во Унгарија во Њујорк Тајмс денеска пишува дека за 30 евра е набавена во Унгарија официјални статии и на Њујорк Тајмс и во повеќе реномирани светски угледни списанија. Новинарско прашање: Колкава е цената на вакцините во пресметката на Филипче? Одговор: Од 12, 5 милиони ако ги поделиме излегува над 60 долари од доза. Новинарско прашање: Од каде ви се документите и дали тврдите дека се веродостојни? Одговор: Значи еве сега денеска ќе ги поднесеме документите пред Државна комисија за спречување на корупција затоа што една од забелешките на министерот беше дека тие се фабрикувани и фалсификувани , на истите стои дека извор е централниот регистар на Хонх Конг. Знаете дека нашите институции доколку имаат намера да го расветлат овој случај можат преку меѓународна правна помош преку МНР да ги обезбедат истите документи за да се и јавноста и сите да се уверат во нивната веродостојност. Новинарско прашање: Доколку бара прво извинување пред тужба ќе се извините или ќе одите на суд да ги расчистите сите овие работи? Одговор: Затоа што јас најавата за тужба ја прочитав само од ФБ статус на министерот Венко Филипче кој нормално после беше пренесен во вестите. Не знам на што алудира. Не знам во кој дел смета дека е повредена неговата чест. Фактот дека други држави набавуваат вакцини за 30 евра стои,фактот дека тој е потпишан на документи на кои што стои името на кинеската Синофарм стои, фактот за податоците за Синофарм дека е основано со 10.000 Хонг Конг долари, односно само со 1000 долари основачки влог, исто така се факти кои што стојат. Ако се однесува на било што од наведеното и разликата од цената и сомнежот, во тој случај сметам дека не само извинување, туку треба да му биде срам на министерот што воопшто се осудил да напише нешто такво. Сепак ќе ве потсетам дека и денеска Македонија има нула набавени вакцини. Не зборуваме за донации, значи зборуваме за набавка нула. Бројката на набавени вакцини е нула.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
 
____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан