• петок, 05 декември 2025

Лефков: Доколку Бугарија е искрена, нема зошто да ескивира од заедничка Резолуција пред ЕП за заштита на македонскиот идентитет и јазик

Лефков: Доколку Бугарија е искрена, нема зошто да ескивира од заедничка Резолуција пред ЕП за заштита на македонскиот идентитет и јазик

Скопје, 28 јули 2025 

Почитувани,

Се уште очекуваме став од Бугарија за предлогот на претседателот Мицкоски, за заедничка Резолуција за заштита на македонскиот идентитет и јазик пред ЕП, изјави денеска на прес- конференција пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, што МИА ја пренесува интегрално. 

Ние го изнесовме овој предлог од две причини.

1. Доколку Бугарија е искрена, и не го оспорува нашиот идентитет и јазик, тогаш ќе прифатат и заедно ќе ја поднесеме Резолуцијата.

2. Доколку Бугарија не е искрена, тогаш ќе ескивира по секоја цена.

Во моментот сме сведоци дека Бугарија бега од идејата, а со тоа покажува став кон Македонија, кој не е демократски, не е добрососедски, ниту пак е човечки.

Гласините кои ги слушаме од некои кругови во Бугарија, го отсликуваат наративот кој Русија го има кон Украина, со целосна негација на нашата самобитност.

Ние знаеме кои сме и целиот свет знае кои сме. Но, фактот што Бугарија го негира тоа, и сака во темел да ги поткопа основните човекови права, дава јасен знак дека сите треба да се запрашаме зошто е тоа така и ќе остави ли ЕУ да бидеме жртва на политики од 19 век, политики на негација на самобитноста исти по размер како тие Русија што ги применува врз Украина.

Македонија е пред се добар сосед, држава членка на НАТО, држава која дала и дава свој придонес кон европската безбедност и единствено нешто кое го сакаме како народ е да бидеме почитувани и да имаме третман како сите останати.

Линк од видео материјал:

https://www.swisstransfer.com/d/fe4cd02b-81bd-4e5a-9f01-8ca79a5c0a81

https://youtu.be/x8PfETaXvOE

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан