• четврток, 04 декември 2025

Леони ќе отсуствува неколку месеци

Леони ќе отсуствува неколку месеци

Ливерпул, 24.септември 2025 (МИА) – Играчот од одбраната на Ливерпул Џовани Леони ќе мора да паузира неколку месеци. Тој на синоќешниот дуел од Лига купот со Саутемптон заработи повреда и во 81.та минута го заврши натпреварот покрај аут линијата, а потоа со помош на медицинските лица на носилки го напушти и теренот.

Денешните прегледи само потврдија дека станува збор за тешка повреда на 18-годишниот фудбалер. Тој има скинат преден вкрстен лигамент на коленото. 

Леони синоќа го имаше своето деби во дресот на Ливерпул на официјален натпревар. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан