• понеделник, 01 јули 2024

Ленард ќе заработи 152,4 милиони долари за три години во Клиперс

Ленард ќе заработи 152,4 милиони долари за три години во Клиперс

Лос Анџелес, 11 јнуари 2024 (МИА) - Инсајдерот на „The Athletic“ Шамс Шаранија на својата страница на Твитер ги откри деталите од новиот договор на Лос Анџелес клиперс со Каваи Ленард. За три години, кошаркарот ќе заработи 152,4 милиони долари. 

Триесет и двегодишниот Ленард игра за клубот од Лос Анџелес од 2019 година. Претходно беше член на Сан Антонио и на Торонто.

Оваа сезона Леонард настапи на 32 натпревари во НБА-лигата, со просек од 23,8 поени, 6,1 скока и 3,4 асистенции.

Клиперс рано утрово го победи Торонто репторс со 126:120, Ленард постигна 29 поени, седум асистенции и три скока. 

Со биланс 24 победи и 13 порази, ЛА клиперс се наоѓа на 4. место во Западната конференција на НБА-лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан