• среда, 17 јули 2024

Леклер во Имола ќе вози со кацига посветена на навивачите на Ферари

Леклер во Имола ќе вози со кацига посветена на навивачите на Ферари
Маранело, 16 април 2021 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја претстави специјалната кацига со која ќе настапи на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Емилија-Ромања. На домашната сцена, Леклер одлучи да им го посвети дизајнот на навивачите на тимот и ги вклучи зборовите „Тифози“ и „Маранело“. - Кацигата за овој викенд е знак на благодарност до сите вас за вашата поддршка. Пречекот што го имаме во Италија е секогаш посебен и жално е што не можете да бидете со нас во Имола. Се надевам дека сите ќе се вратите на трибините наскоро, напиша Леклер на Твитер. Трката е закажа за в недела со почеток во 15 часот. зс/

Остани поврзан