• понеделник, 13 мај 2024

Лекари без граници: Тројца лекари загинаа во напад врз болница во северниот дел на Газа

Лекари без граници: Тројца лекари загинаа во напад врз болница во северниот дел на Газа

Газа, 21 ноември 2023 (МИА)  -  Тројца лекари, вклучително и двајца од Лекари без граници, беа убиени во напад врз болницата Ал-Авда во северниот дел на Газа, соопшти организацијата.

Лекарите без граници редовно им доставуваа на завојуваните страни информации за Ал Авда како функционална болница и присуството на нејзиниот персонал во Ал Авда, се вели во соопштението. „Вчера џи-пи-ес координатите беа споделени и со израелските власти“.

Загинатите лекари се д-р Махмуд Абу Нуџаила и д-р Ахмад ал-Сахар, вработени во организацијата, како и д-р Зиад ал-Татари.

„Да гледате лекари како умираат до болнички кревети е повеќе од трагично и тоа мора веднаш да престане“, се вели во соопштението. зш/

Остани поврзан