• понеделник, 23 декември 2024

Лекари без граници: ЕУ го попречува еднаквиот пристап до вакцинација

Лекари без граници: ЕУ го попречува еднаквиот пристап до вакцинација
Брисел, 23 февруари 2021 (МИА) - Дејствата на ЕУ за зачувување милијарди дози вакцини против коронавирус за нејзината популација го попречуваат еднаквиот пристап до вакцинацијата ширум светот, смета хуманитарната организација Лекари без граници (МСФ). „ЕУ резервираше милијарди дози вакцина за себе, блокирајќи го глобалниот правичен пристап. На почетокот на пандемијата, лидерите на Европската унија поставија смели цели што дадоа надеж за глобален одговор во борбата против Ковид-19“, се наведува во соопштението на организацијата. Како што пренесуваат странските агенции, станува збор за фактот дека вакцините против коронавирус треба да се сметаат за „универзално општо добро“. „За жал, постапките на ЕУ се спротивставуваат на овие амбициозни задачи и понекогаш им отежнуваат на другите земји да ја преземат контролата над пандемијата“, се вели во соопштението на МСФ. „Лекари без граници“ очекуваат „итна акција за унапредување на глобалниот пристап до вакцините“ на претстојниот состанок на лидерите на ЕУ на 25 и 26 февруари. - Стратегијата на ЕУ за производство на вакцини во Европа во моментов не може да ги задоволи потребите на ЕУ, она што останува да се бара низ целиот свет, рече претседателот на МСФ, Кристос Кристу. Тој рече дека „Европската унија има политичка одговорност да обезбеди и да дозволи на секоја земја слободно да ги произведува основните средства, особено вакцините, за контрола на оваа невидена пандемија“. паг/

Остани поврзан