• петок, 22 ноември 2024

Легендарниот руски хокеар Овечкин повика на итен прекин на војната во Украина

Легендарниот руски хокеар Овечкин повика на итен прекин на војната во Украина
Филаделфија, 26 февруари 2022 (МИА) – Голем број руски спортски ѕвезди упатија апел за итно решавање на руско – украинската криза по мирен пат, а кон повиците се приклучи и еден од најдобрите хокеари на Русија на сите времиња Александер Овечкин. - Ве молам, престанете со војната, апелираше Овечкин на прес-конференција во Филаделфија каде неговиот тим Вашингтон денеска ќе гостува во рамки на НХЛ лигата. - Без оглед кои земји се во војна, Русија, Украина или некои други, мислам дека сите треба да живееме во свет на мир. Никогаш нема и не можам да поддржам војна, изјави Овечкин. Познатиот хокеар во блиското минато го поддржуваше рускиот претседател Владимир Путин и позитивно се изјаснуваше за него на социјалните мрежи. - Тој е мој претседател. Но, како што порано говорев, јас не сум политичар. Јас сум спортист и си ја гледам мојата работа, но се надевам дека сите овие ужаси ќе завршат. Немам контрола врз тоа што се случува таму, ситуацијата е тешка во секоја смисла. Лично, никому не му посакувам такво зло, никому не му посакувам војна и никому не му посакувам смрт, порача Овечкин. ег/паг/

Остани поврзан