• недела, 22 декември 2024

Легендарниот Иеро ќе биде спортски директор на Ал Наср

Легендарниот Иеро ќе биде спортски директор на Ал Наср

 

Ријад, 5 јуни 2024 (МИА) – Поранешниот капитен на Реал Мадрид и шпански репрезентативец Фернандо Иеро ќе ја преземе функцијата спортски директор на Ал-Насер, објави саудискиот фудбалски клуб.

„Тој има огромно искуство во спортот“, се вели во соопштението на Ал-Наср во чиј редови настапува португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.

Поранешниот шпански дефанзивец изјави дека е многу возбуден што ќе биде дел од проектот на Ал-Насер, кој заврши на второто место во пласманот на локалното првенство.

Иеро (56) го носеше дресот на Реал од 1989 до 2003 година и за мадридскиот клуб одигра вкупно 439 натпревари, додека за Шпанија забележа 89 настапи. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан