Левица: Сензорни соби за деца со аутизам во секое средно училиште во Скопје
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 15 февруари 2024
Советниците на Левица во Советот на Град Скопје денес поднесоа Иницијатива за отворање на 23 нови сензорни соби.
Со иницијативата советниците бараат отворање на по една сензорна соба во секое средно училиште во град Скопје, со што ќе им се излезе во пресрет на барањата и потребите на децата со аутизам и ќе се подобри квалитетот на нивното образование и живот.
Очекуваме оваа иницијатива да се најде на дневен ред на следната седница на Советот на Град Скопје.
ПП Левица
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.