• петок, 15 ноември 2024

Левица: Работниците во Македонски железници на принуден одмор

Левица: Работниците во Македонски железници на принуден одмор
Скопје, 9 ноември 2022 Македонски Железници Транспорт деновиве донесоа одлука вработените да се упатат на „доброволен" привремен принуден одмор, поради тешката финансиска состојба во која е доведено претпријатието и мерките за штедење. Иако во законот не постои термин „доброволно", кога работниците без своја волја се упатуваат на принуден одмор и земаат помала плата, директорот од Алтернатива сепак донел незаконска одлука - на штета на работниците и јавниот интерес! До Левица пристигна реакција од вработените во МЖ Транспорт дека директорот Мајан Вејсели додека „штеди" на грбот на работниците, истовремено се луксузира за своите пулени вработени во ова претпријатие. Директорот Вејсели си ги згрижил своите партиски луѓе во МЖ Транспорт со разни договори на дело, а кои воопшто и не одат на работа. Штетата која ја направил Вејсели на претпријатието е повеќе од еден милион денари месечно за овие вработување. Работниците се жалат дека откако на функција стапил Вејсели, повеќе не се исплатуваат надоместоци за починат член на семејството, прекувремени саати и други надоместоци. Повеќе од јасно е дека економската криза во Македонија не е увезена, туку истата е резултат на некомпетентноста и криминалите на владејачките ДУИ и СДС и нивните пајтон партии - кои го донесоа обичниот работник на раб на егзистенција.   Политичка партија Левица ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан