• недела, 22 декември 2024

Левица: Отворена втора канцеларија на Левица во општина Аеродром

Левица: Отворена втора канцеларија на Левица во општина Аеродром

Скопје, 11 април 2024

​​​​​Феноменот Левица незапирливо се шири. Во општина Аеродром веќе се отвори и втората канцеларија во населбата Долно Лисиче. На официјалното отворање гостуваше и претседателскиот кандидат Билјана Ванковска и порача:
 
Да не бидеме потстанари во сопствената татковина. Да си ја вратиме Македонија! Со сите поделби што ни ги направија ние станавме потстанари во сопствената држава. 

Пред присутните се обрати и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил, кој нагласи дека веќе се води претседателската кампања, а за скоро ќе почне и парламентарната кампања, па заради тоа е потребна сплотеност за да може „црвениот бран“ да победи во Македонија.
 
Да ги збиеме редовите и да делуваме! Затоа што карши нас е враг. Враг кој сака да нé уништи, да ни ја избрише меморијата, да нé направи некои други. Ние ако не сме свои на своето не можеме да изградиме ни држава онаква каква што сакаме.

Модераторот на ЛО Аеродром и советник во Општина Аеродром, Дејан Ристовски пред жителите на Лисиче зборуваше за проблемите што ги имаат со штетниот ДУП, кој градоначалникот Тимчо Муцунски сака да ги протне, а се погубни за Лисичани. Ги потсети дека само Левица е на нивна страна и жестоко се бори за нивните интереси.

 

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Левица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан