• четврток, 21 ноември 2024

Левица: Владата крати средства од лицата со инвалидитет додека намалува даноци на најбогатите

Левица: Владата крати средства од лицата со инвалидитет додека намалува даноци на најбогатите

1 август 2024 

Владејачката коалиција од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, наместо да гради социјални политики во кои фокусот ќе биде подобрување на состојбата на ранливите категории на граѓани, крати средства токму од нив. Со предлогот за Ребаланс на буџетот скандалозно е предвидено е да се скратат 10 милиони денари наменети за здруженијата на лицата за инвалидитет, што беше причина овие здруженија да реагираат и да си ги бараат своите права.

Имено, со Законот за игри на среќа предвидено е дел од средствата од игрите на среќа да се наменат за проекти на здруженијата на лицата со инвалидитет. И покрај тоа што ова е законска обврска, актуелната власт наместо да ги исплати овие средства на лицата со инвалидитет, истите ги пренамениле за други намени. Скандалозно е што десничарската влада веднаш почна со кратење средства токму од оние на кои што им е најмногу потребно и дополнително ја маргинализира нивната положба!

Со досегашните чекори што ги превзема и најавите за намалување на даноците за најбогатите фирми, власта на Мицкоски јасно покажува тенденција да ги штити најбогатите на сметка на сиромашните и маргинализираните. Наместо да креираат политики за пренамена на богатството кон оние на кои што им е најмногу потребно, оваа десничарска коалиција креира политики со кои што богатите ќе бидат уште побогати, а сиромашните уште посиромашни.

Политичка партија Левица 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан