• среда, 25 март 2026

Левандовски еден месец надвор од терените поради повреда

Левандовски еден месец надвор од терените поради повреда

Барселона, 14 октомври 2025 (МИА) – Фудбалерот на Барселона ќе го пропушти дербито со реал Мадрид на 26 октомври, објави „As“.

Роберт Левандовски би можел да отсуствува еден месец поради повреда. Барселона објави дека 37-годишниот напаѓач има пукнатина на левиот бутен мускул.

Полјакот се врати во тимот со повредата по тренингот со полската репрезентација.

Барселона се наоѓа на второто место во шпанската Ла Лига со 19 бода, два помалку од лидерот Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан