• понеделник, 20 мај 2024

Леброн обвинет за неверство со моделот Џамора

Леброн обвинет за неверство со моделот Џамора
Лос Анџелес, 5 мај 2020 (МИА) - Лидерот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс е обвинет за мамење на сопругата со манекенката Софија Џамора. - Дали сум единствената која не е обожавателка на Леброн Џејмс? Веројатно. Факт е дека  никогаш не сум била љубител на оние момци кои ги изневеруваат своите сопруги, особено со Софија Џамора, напиша на Инстаграм, Ерза Халити, сопругата на играчот од НФЛ Ник Ванет. Претходно, Халити и 22-годишната Џамора беа блиски пријателики. Кошаркарот Џејмс е во брак со Савана Бринсон од 2013 година. Тој неа ја запознал на училиште. Брачната двојка има три деца. зс/

Остани поврзан