• сабота, 11 мај 2024

Лајчак ја истакна важноста на средбата на 2 мај во рамките на дијалогот Белград-Приштина

Лајчак ја истакна важноста на средбата на 2 мај во рамките на дијалогот Белград-Приштина

Белград, 29 април 2023 (МИА) - Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак ја истакна важноста на претстојниот самит како дел од дијалогот на 2 мај, посочувајќи дека тоа ќе претставува „решителен чекор напред“ и дека е важно да се избегнат дејствија што може да ја „влошат атмосферата“.

Лајчак во синоќешната порака на Твитер напиша дека во разговор со косовскиот премиер Албин Курти, на маргините на форумот Делфи во Грција, ја истакнал важноста на средбата на 2 мај како дел од дијалогот. 
„Тоа ќе биде одлучувачки чекор напред и важно е да се избегне каква било акција што може да ја влоши атмосферата“, рече тој.

На синоќешната панел дискусија во Делфи тој укажал на важноста од спроведувањето на договорот постигнат на 27 февруари во Брисел и анексот договорен на 18 март во Охрид, за стабилноста на целиот регион.

„На панел дискусијата за дијалог и интеграција во ЕУ на форумот Делфи, ја истакнав важноста од успешното спроведување на договорот од 27 февруари и анексот од 18 март за стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион“, напиша Лајчак. зш/
фото Твитер

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан