• вторник, 05 ноември 2024

Лајчак планира деновиве да ги продолжи разговорите за дијалогот меѓу Белград и Приштина

Лајчак планира деновиве да ги продолжи разговорите за дијалогот меѓу Белград и Приштина

Белград, 18 ноември 2023 (МИА) - Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека во четвртокот во Брисел со главните преговарачи разговарал за повеќе теми - статутот, планот за имплементација, енергијата, регистарските таблички, изборите и исчезнатите лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Сумирајќи ја изминатата недела, Лајчак на Фејсбук напиша дека средбите биле од помош за напредок во бројни прашања кои се на дневен ред на дијалогот и оти очекува набрзо продолжување на дијалогот.

„Затоа планирам да ги продолжам разговорите во наредните денови и недели“, напиша Лајчак.

Тој потсети дека на почетокот на минатата недела го посетил Белград, по неодамнешната посета на Приштина, и дека се сретнал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

„Разговорите беа продолжение на нашите напори за подобрување на имплементацијата на Договорот на патот кон нормализацијата“, изјави Лајчак и додаде дека во разговорите истакнал дека имплементацијата на Договорот треба да напредува така што двете страни да ги исполнуваат своите обврски чекор по чекор, паралелно и по принципот да мора нешто да направат за нешто да добијат. об/паг/

Остани поврзан