• петок, 05 декември 2025

Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина

Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина

Брисел, 22 август 2025 (МИА) – Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Европска Унија денеска ќе даде повеќе од четири милијарди евра за поддршка на Украина.

- Солидарноста на ЕУ со Украина е непоколеблива. Ова е наша посветеност не само за закрепнување на Украина, туку и за нејзината иднина како суверена и демократска земја, објави Лајен на платформата Икс.

Таа додаде дека вкупната финансиска поддршка за Украина од ЕУ и земјите-членки достигна 168,9 милијарди евра. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан