• понеделник, 23 декември 2024

Лајан до Унгарија и Полска: Сомнежите за владеењето на правото решете ги пред Судот на ЕУ

Лајан до Унгарија и Полска: Сомнежите за владеењето на правото решете ги пред Судот на ЕУ
Брисел, 25 ноември 2020 (МИА) - Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан изјави дека Унгарија и Полска наместо да го блокираат големиот финансиски пакет за санација на последиците од пандемијата со Ковид-19, да се обратат до Судот на Европска Унија. - Ако се сомневате, постои јасен пат: Одете на Судот на ЕУ и таму проверете ги новите правила. Тоа е место каде ги решаваме нашите спорови за правните текстови. И не на штета на милионите Европејци на кои им е итно потребма помош. Тука зборуваме за кршење на владеењето на правото на штета на буџетот на ЕУ. Тешко е да се замисли дека некој во Европа е против таквиот принцип, истакна Лајан во својот говор на пленарнатра седница на ЕП. Унгарија и Полска го блокираат усвојувањето на дел од пакетот за седумгодишниот буџет на ЕУ и планот за закрепнување затоа што не се согласуваат со механизмот со кој европските фондови се условени со владеењето на правото. Претседателката на ЕК осврнувајќи се на Брегзит истакна дека не е сигурна дали ќе се постигне договор, при тоа додавајќи дека изминатите денови постигнат е напредок за повеќе важни прашања. - Сепак, има уште три прашања за кои треба да се одлучи дали ќе има договор или не. Клучните прашања за европската страна се - исти правила за конкуренција за сите, риболовот и прашањето како ќе се решат споровите околу толкувањето на можниот договор. Ни остана уште малку време и ќе сториме се што е во наша моќ да постигнеме договор. Ние сме подготвени да бидеме креативни, посочи фон дер Лајан. Таа изрази и солидарност со Франција и со Австрија, кои неодамна беа мета на терористички напади и најави дека ЕК на 9 декември ќе ја претстави новата програма против тероризмот, со која е предвидено зајакнување на соработката помеѓу безбедносните служби, опремување на граничните служби со модерна технологија, да се интензивираат напорите за борба против радикализацијата и подобро да се заштитат јавните места. ми/

Остани поврзан