Ланската стапка на активност е 52,3, на вработеност 45,4, а на невработеност 13,1
- Во 2023 година вкупното работоспособно население во земјава изнесувало 1.515.107 лица од кои како активно население биле регистрирани 791.647 лица, при што 688.296 биле вработени, а 103.351 лице е регистрирано како невработено.

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Во 2023 година вкупното работоспособно население во земјава изнесувало 1.515.107 лица од кои како активно население биле регистрирани 791.647 лица, при што 688.296 биле вработени, а 103.351 лице е регистрирано како невработено.
Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во овој период е 52,3, стапката на вработеност 45,4, додека стапката на невработеност изнесува 13,1.вј/лв/
Фото: МИА архива