• понеделник, 18 ноември 2024

Лампард: На Челзи му недостига доследност во изборот на менаџер

Лампард: На Челзи му недостига доследност во изборот на менаџер

Лондон, 2 мај 2023 (МИА) - Привремениот менаџер на Челзи, Френк Лампард, смета дека на лондонскиот клуб му недостасува стабилност.

 

- Отсекогаш сум бил дел од тимот на Челзи кој редовно менувал менаџери. Освоив три шампионски титули, но требаше да освојам пет или шест. На овој клуб му треба постојаност, ова е моето чувство, изјави Лампард.

 

Челзи ги загуби последните пет натпревари во сите натпреварувања. Последен пат тимот победи во март беше натпреварот против Лестер (3:1) во 27. коло од Премиер лигата.  Сините се на 12. место на табелата во Премиер лигата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан