• недела, 22 декември 2024

Лампард ги загуби сите четири гостувања со Евертон со вкупни 1:14. Ова не се случило од 1956 година

Лампард ги загуби сите четири гостувања со Евертон со вкупни 1:14. Ова не се случило од 1956 година
Лондон, 20 март 2022 (МИА) - Евертон го изгуби секој натпревар на гости под водство на Френк Лампард. Екипата од Ливерпул денеска беше поразена со 4:0 од Кристал Палас „Селхурст Парк“ во четвртфиналето на ФА Купот. Претходно, под водство на Лампард, Евертон загуби на гостувањето кај Њукасл (1:3), Саутемптон (0:2) и Тотенхем (0:5). Само двајца менаџери во историјата на клубот ги загубиле првите четири гостувања со „карамелите“: Клиф Бритон (1948) и Иан Бјукен (1956). Евертон следниот натпревар на гости ќе го игра на 3 април против Вест Хем. зс/

Остани поврзан