Лами ги повика Британците да го напуштат Либан во услови на зголемени тензии
- Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами, во телефонски разговори со неговиот либански колега, Наџиб Микати, изрази длабока загриженост за зголемените тензии и цивилните жртви во Либан.

Лондон, 19 септември 2024 (МИА) – Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами, во телефонски разговори со неговиот либански колега, Наџиб Микати, изрази длабока загриженост за зголемените тензии и цивилните жртви во Либан.
Како што пренесе ДПА, тој рече дека разговарале за потребата од преговори за враќање на стабилноста и безбедноста во пограничниот регион меѓу Израел и Либан. Лами, исто така, ги повика британските државјани да се евакуираат од Либан, наведувајќи ги како причина зголемените тензии во регионот.
- Мојата порака до британските државјани во Либан е да заминат додека остануваат комерцијалните опции. Тензиите се високи и ситуацијата може брзо да се влоши, напиша тој на X.