• сабота, 21 јуни 2025

Лажна дојава за бомба во траект со 750 патници на атинското пристаниште (ДПЛ)

Лажна дојава за бомба во траект со 750 патници на атинското пристаниште (ДПЛ)

Атина, 4 мај 2025 (МИА) – Ништо сомнително не беше пронајдено во траектот со 750 патници, за кој имаше анонимен телефонскиот повик за поставена бомба, кусо пред да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.

По анонимниот повик во канцелариите на бродската компанија Blue Star преку кој беше пријавено дека во самиот брод е поставен експлозивен механизам, патниците беа евакуирани и се изврши проверка со помош на куче-душкач.

Откако не беше пронајдено ништо и се покажа дека станува за лажна дојава, траектот отплови со над час и половина задоцнување. ср/

Фото:Архива МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан