• вторник, 10 март 2026

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

Кочани, 10 март  2026 (МИА) - Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани утринава е добиена дојава за поставена бомба, по што учениците веднаш биле евакуирани. Дојавата е лажна, а во објектот на  училиштето во моментов се наоѓаат службени лица на МВР.

Информацијата за МИА ја потврди директорот на училиштето Драган Трајчев.

-Дојавата во ОУ „Св. Кирил и Методоиј“ била испратена преку електронска пошта  на Центарот за управување на кризи во Штип. Во училиштето трае истрагата и се постапува според протокол за вакви ситуации, информираат од училиштето. ис/лв/

фото: МИА

Остани поврзан