• петок, 22 ноември 2024

Лагард: Јунските податоци се клучни за одлуката за каматните стапки

Лагард: Јунските податоци се клучни за одлуката за каматните стапки

Франкфурт, 20 март 2024 (МИА) - Податоците од јуни ќе бидат клучни за одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за можното намалување на каматните стапки, изјави денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

-До јуни ќе имаме нов сет на проекции кои ќе потврдат дали трендот на инфлација што го предвидовме во нашата мартовска прогноза останува на сила, рече Лагард во говорот во Франкфурт.

Таа изјави дека ЕЦБ „ќе знае малку повеќе до април и многу повеќе до јуни“ кога станува збор за потенцијалните намалувања на каматните стапки, пренесува Си-ен-ен.

Според неа, банката ќе ги оцени сите три критериуми за одлуката за каматните стапки, а тоа се изгледите за инфлација, динамиката на базичната инфлација и силата на монетарната трансмисија.

Претседателот на Европската централна банка смета дека трендот на намалување на инфлацијата во еврозоната ќе продолжи и дека таа ќе изнесува 2,3 отсто во 2024 година и ќе падне на два отсто во 2025 година и на 1,9 отсто во 2026 година. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан