• петок, 22 ноември 2024

Лавров: Соседите на Русија во Централна Азија не сакаат американски трупи на нивна територија

Лавров: Соседите на Русија во Централна Азија не сакаат американски трупи на нивна територија
Москва, 14 октомври 2021 (МИА) – Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека сите централноазиски сојузници и соседи на Русија не сакаат на нивна територија да бидат распоредени американски војници. Тој одговарајќи на новинарско прашање за намерите на Вашингтон да распореди антитерористички сили во Узбекистан, истакна дека „сите руски централноазиски соседи, сојузници и стратешки партнери потврдиле дека таквите пристапи се неприфатливи“. - Можеби ова прашање треба да се упати до нашите коелги во Узбекистан. Ќе повторам дека сите наши пријатели во Централна Азија изјавија дека се против таквите пристапи, било од САД или од некоја друга земја-членка на НАТО, посочи Лавров. ми/

Остани поврзан