• петок, 22 ноември 2024

Лавров: Нема да има турска мировна мисија во Нагорно Карабах    

Лавров: Нема да има турска мировна мисија во Нагорно Карабах    
Москва, 12 ноември 2020  (МИА) - Ниту една турска мировна мисија нема да биде испратена во Нагорно Карабах, рече рускиот министер Сергеј Лавров. Во интервју за домашни и странски медиуми, Лавров рече дека ова е јасна одредба од договорот за целосен прекин на огнот во Нарогно-Карабах, што го потпишаа лидерите на Азербејџан, Еренија и Русија, пренесе агенцијата ТАСС. Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска повтори дека турските сили ќе учествуваат во мировната мисија во Нагорно Карабах заедно со Русија. На 9 ноември, рускиот и азербејџанскиот претседател и ерменскиот премиер потпишаа договор за целосен прекин на огнот во Нагорно Карабах, почнувајќи од 10 ноември. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека азербејџанските и ерменските страни ќе ги задржат позициите што ги заземале и дека руски мировни сили ќе бидат распоредени во регионот. Договорот предвидува и размена на затвореници и починати меѓу Баку и Ереван. Руското Министерство за одбрана во средата соопшти дека е потпишан меморандум за формирање заеднички руско-турски центар за набљудување на прекинот на огнот во Нагорно Карабах, кој ќе биде лоциран во Азербејџан. Документот не предвидува присуство на турските сили во мировните мисии во Нагорно Карабах. паг/  

Остани поврзан