Лавров: Дијалогот меѓу Москва и Вашингтон не треба да се гледа како нешто необично
- -Мислам дека во блиска иднина ќе видиме конкретна потврда дека интересот на Москва и Вашингтон е заемен. Блиската иднина ќе покаже колку ќе биде успешно да се најдат конкретни (примери) за кршење на овој заеднички интерес во практични прашања. Работата, како што знаете, се одвива во различни насоки и продолжува буквално додека зборуваме, рече Лавров.

Рио де Жанеиро, 29 април 2025 (МИА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска повика контактите меѓу Москва и Вашингтон да не се гледаат како нешто необично.
-Би предупредил дека моменталната состојба на руско-американскиот дијалог не треба да се гледа како нешто необично, тоа е едноставно враќање кон нормалноста, рече Лавров на прес-конференција по Советот на министри за надворешни работи на земјите од БРИКС во Рио де Жанеиро, јавија руските медиуми.
Тој изрази надеж дека во блиска иднина светот ќе види конкретни докази дека Русија и САД имаат заеднички интереси.
Лавров нагласи дека Москва ќе продолжи транспарентно да гради односи со Вашингтон и без да ги загрози традиционалните силни врски со своите стратешки партнери и истомисленици.
-Мислам дека во блиска иднина ќе видиме конкретна потврда дека интересот на Москва и Вашингтон е заемен. Блиската иднина ќе покаже колку ќе биде успешно да се најдат конкретни (примери) за кршење на овој заеднички интерес во практични прашања. Работата, како што знаете, се одвива во различни насоки и продолжува буквално додека зборуваме, рече Лавров.
Шефот на руската дипломатија, исто така, рече дека изјавите на лидерите на нуклеарната петорка дека нуклеарна војна не може да се добие и дека не треба да се започне, се уште се актуелни.
-Важно е да се консолидираат позициите на петте земји со нуклеарно оружје што беа одразени во изјавите на лидерите на постојаните членки на Советот за безбедност на ООН. На наша иницијатива, оваа изјава беше усвоена во јануари 2022 година и се базира на долгогодишен договор меѓу СССР и САД, кога беше објавена заедничка изјава во која се наведува следново - нуклеарна војна не може да се добие, затоа е потребно да се направи сè за да не започне, рече Лавров.
Тој додаде дека денеска оваа задача е исклучително итна, особено во услови, како што изјави, на неодговорни агресивни дејствија и повици што доаѓаат од раководството на земјите од ЕУ и од Лондон.сд/
фото:ЕПА