Лабуристичката партија најави одговор на Договорот со ЕУ
- Британската опозициска Лабуристичка партија денеска соопшти дека во целост ќе одговори на трговскиот договор со Европска Унија

Лондон, 24 декември 2020 (МИА) - Британската опозициска Лабуристичка партија денеска соопшти дека во целост ќе одговори на трговскиот договор со Европска Унија.
- Од изборите Лабуристичката партија апелираше до Владата и ЕУ да обезбедат трговски договор,, бидејќи тоа е во национален интерес, изјави портпаролот на лабуристите.
Тој додаде дека Лабуристичката партија набрзо ќе ги даде формалните одговори на трговскиот договор.
Трговскиот договор е постигнат една недела пред истекот на транзицискиот период на Брегзит и по повеќе од четири години откако Велика Британија излезе од ЕУ. ми/