• петок, 22 ноември 2024

КФСМ им исплати на репрезентативците премија од 750 илјади денари

КФСМ им исплати на репрезентативците премија од 750 илјади денари

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) - Кошаркарската федерација на Северна Македонија ја исплати премијата во висина од 750.000 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот во квалификациите за ЕП 2021 година

  • КФСМ сака да ја информира јавноста дека, средствата утврдени за премии, ветени од страна на претходното раководство на федерацијата, се реализирани од страна на новиот раководен тим на КФСМ. Финансиските надоместоци веќе се префрлени на сметките на кошаркарите кои на Македонија и донесоа учество во квалификацискиот циклус на едно големо натпреварување, преку кое очекуваме враќање на македонската репрезентативна кошарка онаму каде што и е местото, на горните позиции, стои во соопштението на федерацијата.

Во КФСМ се надеваат дека ова ќе биде само еден дополнителен стимул на членовите на македонскиот национален тим, пред почетокот на квалификациите за Евробаскетот 2021 година. зс/

Остани поврзан